НАЈНОВИ ВЕСТИ
Ми стана навика да ги соочувам проблемите и да ги решавам
За време на денешната објектив вежба ја осетив позитивната промената на начинот на кој размислувам. За проблемите во мојот живот почнав да размислувам каде е изворот или поточно кај сум згрешил што сум стигнал во лоша состојба.
Што постигнав со завршувањето на курсот Објективи?
На курсот објективи постигнав преубави победи, успеси и способности. Почнав да размислувам подобро и побрзо од претходно, куминикацијата како со луѓе така и со предмети ми е многу подобра, почнав да си го организирам животот и местото каде се наоѓам за да можам полесно да функционирам.
Победа
Во програмата на Нарконон се вклучени уникатни вежби кои се наречени објективи , кои му помагаат на поединецот да го тргне своето внимание од минатото и да го насочи истото кон сегашноста. Стабилноста во сегашно време е многу важен фактор при рехабилитацијата од дрога.
Мојата Свесност Е Зголемена
Во текот на курсот ОБЈЕКТИВИ деновите ми беа Ups and Down. Имаше денови кога се чувствував многу изморено , не бев расположен за ништо; но имаше и денови кога се чувствував многу убаво. Секој ден осознавав по нешто ново, нешто кое ми било секојдневие, а јас не сум го приметувал.

Секој Ден Се Чувствував Се Побуден и Побуден
Кога завршив со сауна се почувствував многу убаво и моќно што мислев дека мојата рехабилитација е завршена и само чекав што побрзо да ги завршам и останатите чекори од програмата.