Заблудата за бупренорфин

Премногу е жална ситуацијата во која што секојдневно се повеќе и повеќе расте бројот на регистрирани зависници кои што го бараат спасот во бупренорфинот - една од нив бев и јас. Од мое лично искуство можам да зборувам за заблудата која што се појавува за бубренофинот дека лекот е во него. Бев зависник од метадон и сакав да престанам да користам дрога, отидов кај психијатар кој што ми го препорача бупренорфинот како лек за зависноста. Почнав да го конзумирам и ги почуствував ”придобивките“ од него.

Почнав редовно да спијам и јадам, добив надеж дека конечно си го пронајдов својот спас од зависноста. За жал сето ова траеше многу краток период. Иако го конзумирав спрема препораката дадена од докор, сепак почнав да ги чуствувам неговите штетни последици. Имав намален апетит, имав потешкотии со спиењето, кожата почна да ми бледее, да ми ослабува телото, да ми се ронат забите и повторно се чуствував како зависник. Но овојпат имав уште поголеми потешкотии како што беше проблемот со помнењето кој беше до оној степен каде што започнував разговор и заборавав што предходно сум сакала да кажам.

Имав чести промени во расположението, во еден момент бев тажна, а во наредниот нервозна. Бев како еден програмиран робот кој мораше секое утро да се напие апче за да може да функционира, а доколку не го сторев тоа имав ужасни болки во главата, солзење на очите, кивање и омалаксаност во телото.

Се чуствував ужасно и сакав да прекинам со нивното користење затоа што ми предизвикуваше премногу штета. После долга и тешка четири годишна борба, дозата од бупренорфин ја намалив на минимум. Бев пресреќна што конечно ќе престанам да користам лекарства и конечно ќе живеам нормален живот. Отидов кај лекарот кој имаше контрола врз моето конзумирање на бупренорфинот. Му ја соопштив мојата добра вест, а тој ми препиша уште лекарства (хелекс и асентра), затоа што требало да сум ги земала после бупренорфин. Почнав да ги конзумирам и нив, но желбата за дрога сеуште постоеше и почнав повторно да земам дрога.

Сватив дека бупренорфинот сум го користела само како замена за дрога на легален начин. Повторно се најдов на почеток од каде што започнав, каде што повторно требаше да најдам нов начин на кој што можам да се ослободам од зависност.

Случајно дознав за програмата на Нарконон во која што не се користат лекови и знаев дека го пронајдов своето решение. Ја завршив успешно програмата на Нарконон и скоро една година како што не конзумирам дрога, алкохол или пак лекарства. Желбата за дрога целосно исчезна, конечно се ослободив од синџирот на зависноста и живеам среќен и исполнет живот.

М.Т. - Дипломец во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА