Животна Приказна за Успех

Приказната за успех која ќе ја споделам овај пат е поразлична од другите, затоа што станува збор за мојата животна приказна. Со правењето на Нарконон програмата не само што добив големо знаење и разбирање, туку и се променив како личност. Додека учев и се едуцирав со курсевите на Нарконон ги отфрлив лошите навики и ги надминав сите бариери кои ме спречуваа да бидам успешна.

Пред да дојдам во Нарконон живеев просечно т.е. ги жевеев животите на другите луѓе и правев нешта кои нив им беа потребни, како да немав свој живот. Својот живот го загубив неосетно, бев наивна и немав цели, не бев способна да работам и започнав да правам штета на моето семејство. Не само што мојот живот се распадна туку и животот на членовите од моето семејство и на луѓето околу мене. Лажејќи ги другите се лажев самата себе си и некаде длабоко во мене чувствував дека сакам да ставам крај на сето тоа затоа што мојот живот и животот на другите заслужуваше да биде подобар.

Со работење на курсот Надминување на Нестабилноста во Животот не само што ја најдов причината поради што биле сите тие неуспеси и со какви луѓе сум бирала да се дружам туку и доста се променив. Престанав да сум наивна и успеав да го ставам својот живот и семејството на прво место. Станав посилна и посигурна во себе и ставив крај на врската со луѓето за кои со години се плашев да прекинам контакт. Започнав да се ценам и престанав да се обвинувам затоа што ја знаев целата вистина. Целата заблуда се исчисти и добив многу јасна слика.

Од почетокот па се до крајот на курсот Лични Вредности се менував како карактерно така и ментално. Престанав да се чувствувам должна на другите поради некои лоши постапки кои сум им ги направила, а тие ја користеле таа моја слабост. Ги соочив сите мои лоши постапки, стекнав одговорност и престанав да се срамам повеќе од нив. Се ослободив од нив и знам дека нема да се повторуваат од ново и од ново. Забележав промена во моето однесување и престранав да дејствувам криејќи се од другите. Станав чесна со себе си и со другите луѓе околу мене. Започнав да гледам напред само уверена и започнав да правам конструктивни акции. Умот и душата конечно се олеснети и со тоа ми се врати способноста да живеам продуктивно, без грижи и без сожалување, без повлекување од другите и од себе си. Се запознав себе си која сум и се прифатив таква каква што сум. Едноставно овај курс ме направи посилна и многу подобра, таква каква што мислев дека никогаш нема да бидам. Можам сама да донесам одлуки кои се правилни за прв пат во мојот живот.

“Ја пронајдов причината поради која започнав да земам дрога и сум способна да ја справам како и опасностите во мојот живот.”

Од курсот Менување на Состојбите во Животот тотално ги искоренив лошите навики и однесувања кои ги стекнав во текот на дрогирањето и направив план со кој имам јасна слика што сакам да постигнам и на кој начин да го направам тоа. Полесно одлучувам без колебања и несигурности. Од овај курс постепено се менував и се научив самата да не правам компромиси со себе си, со мојот живот и моите цели. Имав несигурност поради дрогата и непродуктивниот живот која ме спречуваше да комуницирам со луѓе и да започнам било каква работа. Чувствував срам и бариери кои ми беше тешко да ги разбијам. После изработувањето на формулите на состојбите, начинот на размислување си го променив целосно, осетив голема одговорност за себе и за моето семејство, да започнам работа од почеток и сама да го контролирам својот живот, да бидам способна да им помогнам на моите најблиски како што тие ми помогнаа мене да се ослободам од целото зло кое што беше во мене и повторно од ново да бидам вистинска. Сега сум на крај на програмата и знам дека сум постигнала многу. Ја пронајдов причината поради која започнав да земам дрога и сум способна да ја справам како и опасностите во мојот живот. Знам дека сум способна да се соочам со животот, да бидам самостојна, да работам во општеството каде што ќе давам добар пример на луѓето околу мене, затоа што јас самата сум подобара личност, попозитивна и сигурна во себе.

Студент на Нарконон Балкан – Г.Ш.  

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА