Зошто да не сум јас тој што ќе помага да им биде убаво на луѓето?

Од кога започнав да пишувам за моите штетни акции кон групите, ми се промени начинот на кои претходно сум ги гледал работите уште кога бев помал , кога сум правел криминал, сум се тепал, проблеми со професори или соученици и сега гледам дека тие работи не биле убави што сум ги правел затоа што сум ги повредувал без причина, и сум оставал лош пример за другите.

friends
(Слика од www.pexels.com)

Исто така видов дека не е ни убаво тоа што сум им продавал и дилал дрога на мои пријатели, мислев дека со тоа им помагам но откако раззгледав добро и пишував за тоа јасно ми е дека со тоа им наштетував нив и тоа со помош од моја рака што можело да придонесе дури и нечиј живот да згасне со моја помош или да се осакати за цел живот и да настане трагедија, а зошто да бидам јас тој што ќе овозможи да дојде до тоа, зошто да не сум јас тој што ќе помага да им биде убаво на луѓето. Увидов дека овие работи што сум ги правел се штетни за секоја група и за секоја област во животот и дека не може со штетни акции да функционира ниедна група.

Сега откако го работев овој курс, повеќе нема да правам такви акции, ќе причинувам само добри работи спрема луѓето и групите и ќе помагам понатаму во животот. Потполно ми се промени начинот на размислување и се чувствувам многу убаво поради тоа.

С.Ш.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА