14 правила кои никогаш не смеете да ги прекршите кога се справувате со зависност

депресивни

Кога вашите блиски се зависни, на жалост, вашите вообичаени начини на размислување и однесување можат да не успеат во тоа да му помогнат на лицето да достигне трезвеност. Справувањето со зависноста на едно лице бара различен став кој не им е вообичаен на многу луѓе. Луѓето кои се зависни искористуваат предност на тоа за да ги манипулираат членовите на фамилијата и да продолжат со користењето на дроги без понатамошно вмешување на некој во тоа.

Трагедијата во тоа е што кога злоупотребата на дроги и манипулацијата продолжува со години, фамилијата можеби ќе нема веќе преостанати средства со кои би го спасила животот на личноста која е зависна. Многу е вообичаено да се потрошат десетици или дури и стотици илјади денари за да се расчистат проблемите кои резултираат од зависноста.

За да се направи превенција на оваа трагедија пред да се појави, еве четиринаесет правила кои никогаш не треба да ги прекршите кога некој близок е зависен од дроги како алкохол, крек, кокаин, марихуана, метамфетамин, или опијати како хероин или ОксиКонтин.


Не дозволувај наивно однесување

1. Не дозволувај наивно однесување

Наивен – квалитетот да се биде премногу невин и премногу да се верува – е фатална грешка кога во прашање е зависност.

Единствената сигурна акција кога се справувате со потенцијална злоупотреба на дрога или зависноста е да се елиминира наивноста комплетно, без разлика колку тоа боли. Наивната личност е премногу волна да верува дека нејзиниот близок ја кажува вистината дури и кога фактите силно го покажуваат спротивното. Фамилиите се фаќаат во оваа стапица бидејќи нивните блиски секогаш претходно ја имале способноста за да им се верува. Кога ефектите на алкохолизмот, злоупотребата на дрога или зависноста се видливи и додека една личност не заврши успешно една програма за рехабилитација која ќе допре до него сите напори се залудни. Да се биде наивен во однос на злоупотреба или зависност од дрога или алкохол може да биде – и многу често е – фатална грешка.

Како да се постапи погрешно

Оценките на средношколецот се паднати. Се откажува клубови или активности. Ги менува другарите. Кога родителите го прашуваат тој тврди дека му е смачено од тие активности и дека неговите професори го “пикираат” само него. Секогаш бил достоен за доверба што неговата фамилија ги “купува” овие приказни и го остава на мир до покасно време кога штетата е многу потешко да се поправи.

Како да се постапи исправно

Родителите го прашуваат за промените. Тие одбиваат да се наивни во однос на оваа работа бидејќи знаат дека овие знаци вообичаено значат злоупотреба на дрога или алкохол. Тие разговараат со професорите и со некој од неговите поранешни другари. Се информираат за повеќе симптоми кои можат да значат употреба на дрога. Го носат синот кај фамилијарниот доктор и бараат да му се направи тест за дрога. Позитивниот тест на дрога им дава доказ и знаење дека е потребно да се преземе понатамошна акција.


Немој да си “Овозможувач”

2. Немој да си “Овозможувач”

“Овозможувачите” можат да веруваат дека помогаат, додека фактички допринесуваат за само-уништувањето на личноста.

Колку и да изгледа тешко да се прифати тоа за некои луѓе, овозможувачот навистина прави личноста да продолжи со злоупотребата на дрога или алкохол. Овозможувањето може да дојде од бесконечен број на варијации. Наместо да се инсистира личноста да добие професионална помош, овозможувачот може да ја остави личноста која користи дроги и паѓа во бездна да продолжи да живее до домот, може да му најде работа, да го услужи со возило(кое го користи за да оди и земе дрога), или да му носи храна во домот ден за ден.

Финансирањето е главниот начин кој допушта злоупотребата на дрога да продолжи. Кога личноста која е зависна ги изгубила сите извори на заработка, ако фамилијата продолжи да го поддржува финансиски, таа личност може да оди право надолу кон само-уништувачки пат. Може да се бара голем подвиг на само-дисциплина за да се сопре овозможувањето бидејќи помагањето на личност која е во неволја доаѓа вообичаено од саканата фамилија. Помал заем му помага да најде кола, после кршењето на последната, јавување наоколу да најде работа – сите овие акти на добрина можат едноставно да ја пролонгираат злоупотребата на дрога.

Како да се постапи погрешно

Млада девојка доаѓа дома и бара 500 долари од родителите за кирија. Тие прашуваат зошто неможе да си ја плати киријата. Таа одговара дека го загубила паричник и сите пари за киријата биле во него. Иако и недостасувале пари за претходниот месец за кирија и била доста болна последно време, родителите не прашуваат понатамошни прашања околу тоа. И ги даваат парите и таа заминува.

Како да се постапи исправно

Млада девојка бара пари за кирија. Родителите ја прашуваат зошто неможе да ја плати киријата и и потенцираат дека побарала 100 долари за да ја комплетира износот за нејзината кирија само 3 недели претходно. Изјавува дека го загубила нејзиниот паричник. Наместо овозможување, таткото и кажува дека позајмицата која треба да и ја даде зависи од тоа прво да ги погледне нејзините сметки од скоро, за трошоците што ги направила и сметките од банка. Можат да ја проверат нејзината сметка од банка или да одат до нејзиниот апартман и да ги земат сметките. Таа неможе да ги поткрепи нејзините лаги и фамилијата не и овозможува понатамошна злоупотреба на дрога преку давање на пари со кои ќе оди директно кај нејзиниот дилер. Тие сега можат да работат на нејзиниот проблем.


3. Не прифаќај лаги и манипулации

Не прифаќај лаги и манипулации

Кога има знаци дека некој е зависен, очекувајте да се појават лаги и манипулации, и нема да сте неспремни кога тие ќе се појават.

Кога една личност постанува зависна кај себе има еден специјален сет на вештини што оди заедно со тоа. Умот постанува слуга на дрогите. Тој постанува експерт за лажење и извлекување од ситуациите. Исто така лицето е способно да ја сврти топката на некој што прави обиди да му спаси животот, правејќи го него виновен што тој злоупотребува дроги.

Разберете ги овие два факти:

1. Заедно со злоупотребата на дроги доаѓа до морално и етичко пропаѓање.

2. Стрвоста за дрога или алкохол може толку многу да го совладува корисникот што тој може да се чувствува луд. Тој се чувствува тотално оправдано во тоа што го кажува или го прави со цел да го остават луѓето на мир за да може да продолжи да злоупотребува дроги. Ова тој го чувствува суштинско како дишењето за да го прави.

Затоа не треба да сте изненадени кога ќе наидете на лаги. Ќе треба да ги изострите вашите детективски вештини, да ја дознаете вистината за приказните, и да не дозволите да сте изманипулирани. Не го заслужувате тоа.

Како да се постапи погрешно

Сопругата забележува дека нејзиниот сопруг не оди на работа и дека има ново оштетување на камионетот. Прашува што се случило. Сопругот одговара дека на работа, камионетот за испорака удрил во неговиот и кога прашал за надокнадување добил отказ. Бил уморен од таа работа во секој случај и ќе земел некое време одмор. Сопругата забележува дека има недостаток на пари во буџетот секој месец и веќе има насобрани сметки за подмирување. Таа му приговара за земањето одмор бидејќи има сметки што треба да се подмират. Сопругот и се спротиставува и ја обвинува дека не му дава поддршка во однос на неговата потреба да земе одмор. И покрај се таа веќе искористила 2 години одмор после раѓањето на нивните деца. Тој луто ја критикува и омаловажува се додека таа почнува да вреска и му кажува да прави што сака.

Како да се постапи исправно

Овој пример претставува тешка ситуација која едноставно може да бара помош од надвор. Може да се бара поддршката од други членови од фамилијата, фамилијарниот доктор итн. со цел, целосно да се искоренат обидите на сопругот за заплашување и манипулирање. Зависноста е моќен и паметен непријател. Беспомошната сопруга, разведена мајка во средните години, или болниот татко, или најлошо можеби старата баба, не ќе ја имаат способноста да се спротивстават на овој вид директен напад. Личноста на која и биле сервирани лаги или била манипулирана треба да почне со реализација дека не е таа која ја креира таа ситуација. Треба да најде доволна поддршка за да се справи со тоа.

Во овој пример, сопругата ги слуша лагите и не возвраќа на тоа. Таа ги забележува сите вознемирувања кои се случиле во скоро, болести и недостаток на пари и доаѓа до нејзин сопствен заклучок. Таа наоѓа поткрепа од други посилни членови на фамилијата, достојни за доверба. Консултиран е работодавецот и излегува дека нејзиниот сопруг е отпуштен од работа бидејќи продавал дрога во просториите за работа. Во скоро, Личноста која е зависна е соочена со група која бара да се направи тест за дрога и потоа рехабилитација ако тестот за дрога е позитивен.


4. Прати ги парите

Прати ги парите

Ова правило е вистина кога доаѓа до зависност од дрога исто како што има многу други видови на сомнителни активности.

Снабдувањето со алкохол и дрога е комплетно поткрепено со пари. Кога личноста постанува тежок алкохоличар или корисник на дрога, ќе има ефект на финансиите од тоа. Ќе недостасуваат пари. Како зависноста се зголемува тоа ќе значи дека се потребни многу пари, дури и илјадници долари неделно. Луѓето кои се зависни многу често се неспособни да ја задржат постојаната работа, значејќи дека снабдувањето со пари ќе пресуши. Кога приходот ќе пресуши, алкохоличарот или зависникот од дрога прво што ќе направи е продавање на своите вредни работи и потоа вообичаено ќе краде од фамилијата или другарите. Многу од нив стануваат доволно очајни за да се впуштат и да направат криминално дело за да платат за дрога поради навиката која ја имаат да користат. Грабеж во маркети, крадење на идентитет, крадење на возило, грабежи во аптеки, разбојништва, проституција и секако продавање дрога, ја финансира навиката да продолжи да користи.

Ако забележите драматични, необјаснети промени во финансиската состојба – или исчезнување на пари или многу пари, или нови вредни сопствености на рака – разгледајте ја можноста за зависност од дрога и поврзаност со криминал.

Како да се постапи погрешно

Млад човек е настрана од домот на студии и се јавува често за повеќе пари. Фамилијата го распрашува зошто му се потребни многу повеќе пари но тој секогаш има приказна за тоа, секогаш нешто различно. Цените на книгите се зголемени, неговото возило има потреба од голем сервис, се зголемила киријата. Изгледа како да требаат 1000 долари повеќе секој месец. Затоа што неговите приказни секогаш звучат убедливо, фамилија само праќа повеќе пари, размислувајќи дека мора да погрешиле во плановите за трошоците кога го испратиле на студии.

Како да се постапи исправно

Три месеци по ред, млад човек се јавува дома за повеќе пари, секогаш со убедлива приказна. Третиот месец, праќаат делумна сума од парите кои се побарани потоа планираат брзо патување до неговиот универзитет за да се уверат сами. На пристигнувањето, тие можат да видат дека нивниот син ослабнал физички и има модринки на лицето. Нивните пари се трошеле за хероин. Тие сега можат да се справат со зависноста од хероин.


Заштити ги твоите вредни материјални работи

5. Заштити ги твоите вредни материјални работи

Кога почнуваат да се манифестираат знаци на злоупотреба на дрога и зависност, не се воздржувајте од заштите на вашите вредни материјални работи. Личноста која ја има дадено контролата од неговиот живот на дрогите нажалост исто така ја губи својата добра проценка и расудување. Додека постојат исклучоци, повеќето тешки зависници од дрога ќе постанат доволно очајни за да крадат и ограбуваат кога ќе се нема друга алтернатива. Ако има клучеви од твојот дом, можеш да забележиш вредни работи како телевизори, компјутери, алати дека недостасуваат. Може да дојде ноќта и да си земе пари од чантата или паричникот. Еден татко ги продал сите играчки на децата кои биле под божиќната елка. Вредните материјални работи не се сигурни во рацете на човек кој се бори со зависноста.

Инсталирање на брава

Вие не треба да се чувствувате виновни кога го заштитувате тоа што е ваше. Ставете ги на некое друго посигурно место вашите вредни материјални работи или набавете сеф. Инсталирајте аларм, сигурносни врати или видео надзор. Сменете ги бравите на двете места – дома и на секоја ваша бизнис локација. Сменете ги вашите сигурносни кодови, лозинки и потпишаните картички. Поништете ги сите кредитни или дебитни картички кои сте му ги дале на користење на лицето кое употребува дрога. Дискутирајте за заштита на вашите сметки со луѓето од банката.

Ова не би требало да е последното нешто што сте го направиле кога се справувате со зависност, треба да се случи во моментот да реализирате дека постои проблем. Со заштитување на вашиот имот, вие навистина станувате способни да го овозможите вистинскиот тип на помош – ефективна рехабилитација – кога е потребно. Личноста која е зависна од дрога или алкохол може да ја банкротира фамилијата уште пред да имаат шанса да ја пратат на третман.

Како да се постапи погрешно

Девојка е менаџер на ресторанот кој го поседува фамилијата. Таа почнува да користи кокаин во ресторанот со некој од вработените. Во скоро, профитабилноста на ресторанот паѓа. Пред долго, дури не излегуваа со профитот ниту на нула. Нејзините родители, пронаоѓачите на ресторанот, се обидуваат да разберат што се случува. Таа тврди дека вработените крадат работи и испушта неколку луѓе(тие што исто користат кокаин). Загубите продолжуваат и таа продолжува со нејзините оправдувања . Родителите најпосле пристигнуваат во ресторанот, ги гледаат Менаџерските книги и реализираат дека се банкротирани. Ќерката го зема и останатиот профит. Родителите немаат пари за да ја најдат и да и платат рехабилитација.

Како да се постапи исправно

Фамилијата реализира дека ресторанот го губи профитот. Ќерката обезбедува оправдувања. Таткото се упатува во ресторанот и разговара со вработените. Личност со долг стаж во ресторанот конечно му кажува дека неговата ќерка користи кокаин во ресторанот. Тој додава “таа кажа дека ти знаеш и не се грижиш многу околу тоа”. Таткото веднаш ги заштитува сите сметки, ги менува бравите на ресторанот, ги менува потпишаните картички. Загубите се илјадници долари наместо стотици илјадници долари и вредноста на ресторанот е зачувана, што значи фамилијата ќе може да си дозволи пари за да го спаси животот на ќерката.


Кога се случуваат мистериозни проблеми, кои неможат да се разрешат без разлика на што, земете во обѕир дека имате злоупотреба на супстанции Кога човек употребува дроги или ко

6. Кога се случуваат мистериозни проблеми, кои неможат да се разрешат без разлика на што, земете во обѕир дека имате злоупотреба на супстанции

Кога човек употребува дроги или консумира алкохол во обилни количини, не е невообичано за него да ги крие своите навики. Дете во тинејџерските години може да избега во вечерните часови за да пуши марихуана или да пие алкохол со неговите другари – или полошо. Тој и неговите другари можат да го ограбат медицинското сандаче на фамилијата и да ги комбинираат нивните дроги кои се препишани на рецепт. Сопруга алкохоличар може да пие додека нејзиниот сопруг е на работа и потоа да ги крие доказите за тоа најдобро што може. Нагонот да се злоупотребуваат овие дроги е толку силен што зависниците учат како да ги држат другите настрана од мешање во нивните навики.

Но злоупотребата на супстанции рутински води до проблеми во животот, како:

  • Болести и финансиски проблеми
  • Апсење поради злоупотреба на дроги, поседување на дроги или извршување криминал со цел да се дојде до пари за дрога
  • Домашно насилство, насилство врз деца или негрижа
  • Губење на работата
  • Недостаток на сопствености, кои биле продадени за дрога
  • Бездомништво

Фамилија која се обидува да и помогне на блиската личност низ проблеми како овие возможно е да се запраша зошто целиот напор кој го вложиле се гледа дека е неефективен. Секогаш кога му дале пари или му помогнале да најде работа или да излезе од затвор, се појавувале повеќе проблеми. Во ваквата ситуација, фамилијата треба да разгледа дека коренот на сите овие проблеми може да е злоупотребата на супстанции.

Како да се постапи погрешно

Брачна двојка се соочува со голем финансиски проблем и се припремаат за банкротирање. Сопругата не добива никаква помош и учество од сопругот за решавање на финансискиот проблем и покрај повторените обиди. На средината од овој проблем, престанува да оди на работа и исчезнува на по неколку денови повремено. Тој почнува да има мистериозни физички проблеми и да губи телесна тежина. Сопругата неможе да ја разбере неговата промена во однесувањето сега споредено со претходните денови кога бил доверлив. Таа никогаш не ја разгледува можноста дека тој можеби злоупотребува дроги кога е надвор од домот.

Како да се постапи исправно

Кога однесувањето на сопругот станува променливо и целосно различно од неговиот претходен стил на однесување, жената реализира дека нешто сериозно му пречи на неговите способности. Таа ја повикува неговата фамилија за помош и заедно, тие успеваат да откријат дека тој злоупотребува метамфтерамин во временските периоди кога го нема. Неговата зависност на оваа дрога ја објаснува тековната финансиска катастрофа и проблемите во однос на неговот здравје. Со точните причини за проблемот, фамилијата може да бара точно решение.


Задржи ја одговорноста таму каде што припаѓа

7. Задржи ја одговорноста таму каде што припаѓа

Личност која што е зависна ќе го направи секој обид за да ја префрли вината на другите – тоа е само карактерот на зависноста.

Еден од повеќето фрустрирачки аспекти на зависноста е напорот да се префрла вината на другите луѓе за личните проблеми од страна на личноста која е зависна. Изгубени работи, растурени бракови, апсења, болести, банкрот, повреди, самата зависност – сите овие работи се вина на некој друг. Немој да се фатите себеси во верување на лавина од разумни приказни како другите луѓе биле причина за проблемите на личноста.

Од друга гледна точка, повикувањето на личноста од негова страна за подобро расудување ретко ќе функционира. Тоа расудување е закопано месеци, години или декади со само-уништување и правење штета на другите луѓе со кои што тој неможе да се соочи. Злоупотребата на дрога и алкохол ја намалува свесноста. Враќањето на една личност назад до состојба на одговорност мора да вклучува процес на постепено олеснување за да не се донесе личноста до степен на повторно враќање на старите навики. Ова е работата на еден добар програм за рехабилитација.

Но за моментот, не прифаќајте дека некој друг е причината за проблемите на личноста која е зависна. Штом се појави овој начин на однесување пронајдете ги фактите за вас. Ако е невозможно барем не се доведувајте себеси во состојба да сте ставени во тактики на погрешно насочување од страна на личноста која е зависна. Има неправди во животот, но во многу голем број од случаите, личноста креира или најмалку кажано има голем допринес во сопствената ситуација во животот. И тогаш кога животот ќе му зададе низок удар, одговорноста е негова да се среди и да го справи тоа. Едно нешто се бара или очекува од лицето кое е зависно, напор и учество во надминување на нејзиниот/неговиот проблем начин кој што отсликува одговорност. Ако овој напор е отсутен, веројатноста се зголемува дека целата вистина е скриена.

Како да се постапи погрешно

Татко се враќа дома после загубената работа. Ова се појавува после неколку месеци од влошувањето на расположението и врските во домот. Сопругата гледа дека тој повеќе не одвојува време за да биде со неа или со децата и се зголемуваат расправиите. Тој гласно објаснува како неговиот шеф е глупак, погрешно ги разбрал работите и како резултат на тоа тој добил отказ. Тој дури кажува и неколку нејасни закани со цел “да го врати назад на работа”. Сопругата може да направи една од двете грешки во овој момент – или да поверува во целата бајка и да сочувствува со него, или да апелира на подобро расудување од сопругот да проба да го стави него во ситуација да види како тој би можел да го избегне отказот, “за доброто на децата”. Првиот пристап ќе му овозможи на сопругот да живее во лага и ќе овозможи работите да продолжат да одат надолу. Вториот пристап, без разлика колку точно, може да одведе до насилна расправија.

Како да се постапи исправно

Најдобриот избор тука е веројатно многу сличен со изборот погоре под број #3: Обезбедете ја помошта од пошироката фамилија за да дојдете до коренот од проблемот. Особено кога има вмешаност на деца, не се обидувајте да се справите со посилен и повеќе заканувачки човек сами на своја рака. Исто не дозволувајте вашата срамежливост и непријатно чувство да застанат пред вас кога треба да побарате помош. Ако првиот човек што ќе го прашате несака да ви помогне, продолжете да прашувате додека не добиете помош. Кога некој се бори со зависност, не е невообичаено за него да побара помош за групен напор со цел проблемот целосно да се справи.


Прекини го злоупотребувањето на дрога уште пред тинејџерските години

8. Прекини го злоупотребувањето на дрога уште пред тинејџерските години

Во овој модерен свет, очекувајте влијанието на дрогите да почне многу рано. Родителите можеби ќе чекаат додека нивните деца влезат во тинејџерските години за да почнат да разговараат со нив за дрогите но многу деца веќе почнале да злоупотребуваат супстанции пред овој период.

Трагично е тоа што дури ова правило треба да биде запишано. Но во денешниот свет, чекањето на тинејџерските години за да се зборува за дрога е многу касно. До оваа возраст, ако детето не почнало да злоупотребува дрога или да пие алкохол, тоа веројатно видело пијани и дрогирани луѓе и гледало злоупотреба на дрога во училиште, на забави, во домот. Тоа гледало злоупотреба на дрога и алкохол во филмовите, на телевизија и слушнало за неговите спортски и музички херои како одат на програма за рехабилитација. Дрогите за несреќа се дел од животот на младите деца и ова веројатно не беше вистина за денешните родители кога тие беа на истата возраст.

Повеќето од родителите не се чувствуваат целосно спремни за да ја обработат темелно оваа тема со нивните деца. Тие можеби ќе треба да се едуцираат за типовите на дрога на кои биле изложени нивните деца. Постојат многу нови дроги на црниот маркет и многу млади деца злоупотребуваат дроги со препишан рецепт од доктор или комбинираат препишани дроги на рецепт. Пиењето алкохол исто така е вообичаено меѓу учениците во средните училишта.

Како да се постапи погрешно

Соберете ги вашите деца и најавате им дека од нив очекувате да не употребуваат дроги. Зборувајте само за алкохол и марихуана. Предупреди ги дека ќе бидат казнети на подолг временски период ако бидат откриени дека употребуваат дрога.

Како да се постапи исправно

Направи ја твојата домашна задача. Научи кои дроги денес им се нудат на младите или гледаат дека други луѓе ги користат.

татко му зборува на синот за дрога

За да научите повеќе за дрогите кои се нуделе, користејќи ги или гледајќи ги другите како ги користат, посетете ја страницата за едукација, превенција и рехабилитација од дроги и алкохол на Нарконон Балкан.

Нарконон едукациските часови почнуваат рано, односно во прво и второ одделение. Препорачливо е да им обезбедувате факти за дрогата во овој ран период. Секако тоа дека ќе треба да го направите во таква порака да биде разбирливо за деца од таа возраст, држете се до многу едноставни и основни часови на почетокот.

На начин кој што е соодветен за возраста, почни да разговараш со твоите деца индивидуално или заедно, како што мислиш дека ќе има најдобар резултат според нивните особини. Дај им до знаење дека ќе им помогнеш во разбирањето на опасностите кои се вклучени во алкохолот, никотинот, и други дроги и ова ќе се прави на кратки состаноци некое време. На секој состанок овозможи кратка лекција за штетата што може да се направи со алкохол и/или други дроги. Постепено едуцирај ги своите деца за различните дроги што ќе ги слушнат и зошто секоја е опасна. Објасни што си научил за тоа зошто луѓето почнуваат да користат алкохол и дроги. Охрабри ги да прашуваат, и ако мислиш дека твоите деца се доволно возрасни, прашајте ги дали некогаш виделе некој како ја користи таа дрога. Не ги критикувај нивните опсервации. Направи го ова време сигурно за нив за да ги донесиш на работите за кои што се тие љубопитни.


Кога одбираш програма за рехабилитација, направи ја својата домашна задача

9. Кога одбираш програма за рехабилитација, направи ја својата домашна задача

Постојат секакви типови на рехабилитациски програми. Кратко и долго-трајни, со живеење во самиот центар за рехабилитација 24 часа додека се користи третманот или посетување на центарот дневно, неделно итн. Едни кои даваат замена за дрогите со други дроги и едни кои даваат замена нутриционистички хранливи состојки, јога, масажи или вежби. Програми во изолација и во кампови надвор од цивилизација. Едни кои се блиску и едни кои се доста оддалечени. Програми кои вклучуваат занимавање со животни, музика или театар во терапијата и програми во училници каде се учат вештини за решавање на проблемите. Потребно ќе е малку едукација за да ги издвоите едни од други овие различни типови на програми. Кога блиската личност е зависна од дрога или алкохол, секој ден може да носи нови проблеми, апсења или здравствени проблеми. Краткото време потрошено во наоѓањето на правата рехабилитациска програма која вие потребна за вашата ситуација може да се исплати со многу подобар резултат. Ова значи дека вие можете да избегнете повторно праќање на блиската личност во рехабилитациски центар.

Како да се постапи погрешно

Фамилијата најпосле добива согласување од блиската личност која е зависник да оди на рехабилитациска програма. Бидејќи не погледнале дека постојат и други видови на центри за рехабилитација, тие го одбираат првиот на кој што ќе наидат. Краткотраен програм без никаква грижа и план за лицето после завршувањето на програмот. Заради сложената природа на зависноста, нивната блиска личност нема доволно време за разрешување на сите однесувања кои ги научил во годините додека бил зависник. И неговите другари кои користат дрога го посетуваат додека е на рехабилитациска програма, што значи дека тој никогаш вистински не се одделил од влијаниата кои помогнале да го држат него зависен. Тој има само 28 дена временски период како е чист и трезен како резултат на овој програм и повторно се враќа на злоупотребата на дрога одма после завршувањето на програмата.

Како да се постапи исправно

Фамилијата ги пребарува различните типови на рехабилитациски програми, дури прашуваат и локален библиотекар да им помогне во наоѓањето на информации бидејќи не се многу вешти во користењето на интернет. Тие носат одлука за програм кој е оддалечен стотици километри од домот за да не е личноста континуирано соочена со луѓето и местата поврзани со употреба на дрога. Тие избираат центар со долготрајна програма после прашување во центарот за броеви од родители на луѓе кои претходно го правеле овој програм. Охрабрени од коментарите на овие родители, тие имаат доверба дека овој програм ќе му овозможи на нивната блиска личност да открие зошто тој првично почнал да користи дрога и да се одвикне од неговите навики што ги имал како зависник.


Кога личноста е на рехабилитациски програм, не верувај во се што ќе слушнеш

10. Кога личноста е на рехабилитациски програм, не верувај во се што ќе слушнеш

Кога ќе добиете повик од личност која е на рехабилитациски програм, слушајте ги кога ќе зборуваат за рехабилитацискиот центар но земете ги од самиот почеток нивните критики дека се малку повеќе надуени од вообичаено. Дрогите се моќен господар и насилно и совладувачки ја имаат контролата врз луѓето, особено кога се уште во многу раната фаза на програмот за рехабилитација. Очајот за да се избега од рехабилитацискиот центар и да се земе повеќе дрога ќе ја совлада желбата на многу луѓе во однос на останувањето трезен. Затоа некои луѓе се обидуваат кришум да внесат дроги додека се на рехабилитациска програма или ќе најдат “витални” причини зошто “мора” да си одат дома на неколку дена.

Несреќно е што некои луѓе во опоравувањето се толку очајни да се вратат на злоупотребата на дрога при што тие ќе почнат да измислуваат вознемирувачки приказни, приказни кои се штетни или опасни, се со цел фамилијата да дојде и да ги земе од центарот за рехабилитација. Се разбира, вие морате да обрнете внимание на тоа што го кажуваат, во случај на некој неправилности во раководењето до установата. Мудро е да се изгради приватна или лична врска со некој од центарот за кој што вие чувствувате дека можете да имате доверба за ваквите ситуации.

Ако сте ја завршиле вашата домашна задача во почетокот, вие веќе сте ја одбрале установата во која што имате доверба, можеби дури и сте зборувале со одредени родители на студентите од тој програм. Кога го користите вашето просудување во однос на ова, морате да реализирате дека вистинскиот непријател се дрогите или тоа е можеби нагонот да се користат дроги повторно што претстававувало мотивација за тој вознемирувачки повик со кој што вие треба да се справите.

Како да се постапи погрешно

После неколку години на нејзината голема злоупотреба на опијати, таткото ја праќа својата ќерка во центар за рехабилитација. Во почетокот на програмот, пред таа да дознае или да се ослободи од било каква стрвост за дрога, таа едно по друо му се јавува на својот татко постојано, плачејќи, манипулирајќи го и прашувајќи го како е возможно да ја испрати некаде надвор ако навистина ја сакал? Тој попушта и и дозволува на неа да си дојде дома. Ќерката моментално се враќа на злоупотребата на опијати.

Како да се постапи исправно

Кога ќерката се јавува дома од центарот за рехабилитација и пробува да ги изманипулира татковите емоции, а таткото е толку сигурен во неговиот избор во однос на центарот за рехабилитација што неможе да попушти пред нејзините лаги. Тој знае дека центарот има добра историја во помагањето на луѓето да се рехабилитираат и тој тогаш одлучува да се држи до неговата оригинална одлука во однос на неа. Ако тој почувствувал одредена несигурност, тој претходно разговарал со личноста во установата со која се чувствувал најпријатно да комуницира и дознал дека неговата ќерка причинувала проблеми во установата, но таа почнувала вистински да реагира на чекорите од програмот. Неколку месеци подоцна, таа го завршува програмот кој и овозможува да остане трезна долг временски период.


Продолжи да ја поддржуваш твојата блиска личност која штотуку завршила со нејзината рехабилитација

11. Продолжи да ја поддржуваш твојата блиска личност која штотуку завршила со нејзината рехабилитација

Откако личноста завршила целосно со програмата за рехабилитација, таа нема да реагира како да проблемот веќе не постои. Секој кој што ја завршува неговата рехабилитација и се враќа дома потребен му е одреден период на поддршка од страна на фамилија и пријателите. Поддржувачите треба да бидат чувствителни во однос на потребите на личноста и исто така да не пијат пред него или да се осигураат дека тоа не би претставувало проблем. Опоравената личност не би требало да биде поканета на пијалок, всушност, би било помудро да има некој кој што е близок до опоравената личност да служи како поддршка, кој би ја тргнал личноста на страна доколку види дека таа се предава и нарачува пијалок или започнува да попушта на било каков начин. Не треба ни да се спомне дека фамилија не треба да злоупотребува медински дроги ниту пак забранети улични дроги во негова близина. Додека количеството на поддршка ќе варира од личност до личност, побезбедно е едноставно да разбереме дека поддршка му е потребна. Не се потпирајте на или очекувајте пред-зависнички модели на размислување или однесување се додека една докажана ефективна рехабилитациска програма е комплетирана и личноста имала доволно време да превземе контрола врз неговиот трезен живот.

Како да се постапи погрешно

Кога возрасен син се враќа дома после рехабилитациска програма, мајката и таткото организираат забава за да прослават. Затоа што неговиот избор на дроги бил опијати, за нив е во ред да послужуваат пиво на забавата. Тој испил неколку пива. Неговите стари другари се таму(неговата фамилија незнае дека тие се неговите другари со кој што употребувал дрога) заедно со неговата поранешна девојка. Фамилијата после тоа се враќа во вообичаениот распоред и модел на живеење, но возрасниот син излегува од дома наредниот ден и го наоѓа неговиот поранешен дилер на дрога.

Како да се постапи исправно

Кога синот се враќа дома, мајката и таткото седнуваат со него и наоѓаат за што е спремен да соочи нивниот син и за кои работи му треба повеќе време за да се подготви. Тој реализира дека треба да се врати назад во нормалниот живот постепено. Има работа која што го чека и едноставно сака да оди некое време само на работа и дома, можеби да излезе на некои места со фамилијата. Тој несака сеуште да ги соочи своите поранешни другари со кои употребувал дрога. Откако ќе изгради историја со трезно живеење во неговото домашно опкружување, тој се чувствува малку повеќе самоуверен и смел да излегува сам. Кога родителите ќе го остават сам преку викендот, некој друг член од фамилијата навраќа за да го провери како му оди. Во временски период од неколку месеци тој се чувствува удобно да продолжи со нормалниот модел на живеење.


Реализирај дека животот на опоравен зависник ќе му понуди сериозни искушенија со цел повторно да се врати на зависноста, без разлика колку добра била рехабилитацијата

12. Реализирај дека животот на опоравен зависник ќе му понуди сериозни искушенија со цел повторно да се врати на зависноста, без разлика колку добра била рехабилитацијата

Раскинати врски, назадувања во работата, работни откази, судења, смрт на некој член од фамилијата или близок пријател – овие работи можат да го совладаат. Иако личноста била трезна повеќе години може да попушти при вакви моменти. Кога вие сакате некого кој што бил опоравен од неговата зависност и доколку се случи личноста да биде соочена со вакви сериозни стресови, давајте му него/неа екстра помош во тој период. Обидувајте се да не го оставате сам во првите неколку дена. Откако кризата ќе помине, способностите и вештините на личноста која што ги здобила од рехабилитација ќе му овозможат на него да помине низ чекорите кој што мора да се преземат.

Како да се постапи погрешно

Пример за човек кој што успешно завршува со рехабилитација и поминува веќе неколку години трезен, управувајќи успешен живот. Кога е излезен со блиските пријатели, едниот од нив починува ненадеен срцев удар точно пред него. Затоа што бил веќе една декада трезен, фамилијата не ни размислува дека него ќе му биде екстра поддршка во ова време. Но загубата е толку шокатна и совладувачка дури 10 годишната трезвеност не е доволна да го спречи него од повторно враќање на дрогите. Неговото кратко бегство кон опијатите е доволно за да започне повторно со зависноста. Неколку недели подоцна, фамилијата реализира дека го има изгубено и тој е повторно вратен на својата зависност.

Како да се постапи исправно

Кога блискиот пријател на личноста ќе почине пред него, неговиот брат реализира дека оваа случка може да биде надмоќна врз него и дека може да причини болката од случката да ја справи со злоупотреба на опијати. Тој веднаш оди кај неговиот брат дома и останува кај него во наредните неколку дена. Ако е потребно да замине, се осигурува неговото место да биде заменето од страна на некој друг трезен член од фамилијата или близок пријател се додека кризата не помине. Братот на личноста реализира дека оваа непријатна случка во неговиот живот е ништо во споредба со нередот кој што би можел да се случи доколку личноста треба да помине низ целата рехабилитациска програма повторно.


Не губи надеж во однос на опоравувањето

13. Не губи надеж во однос на опоравувањето

Ако рехабилитирањето не успее еднаш, тоа не значи дека нема да успее никогаш. 45 години искуство во помагање на зависниците да станат одговорни во состојба на трезвеност во Нарконон рехабилитациските центри е докажано дека мнозинството совладани луѓе ќе дадат резултати од оваа помош и од оваа докажана програма. Само неколкумина ќе се спречуваат самите себеси да им се помогне.

Ако завршувањето на рехабилитациската програма на едно лице не резултира во трајна трезвеност, не треба да губите надеж. На вашата блиска личност едноставно може и е потребно уште помош или и е потребно различен тип на програм со различен пристап за поправање на штетата нанесена од зависноста. Вашата верба во опоравувањето на личноста може да е причина која ќе му го спаси (него/неа) животот.

Како да се постапи исправно

Млада девојка поминува многу години со зависност од опијати и последователно прави рехабилитациска програма една после друга. После неколку пати низ истиот тип на кратки рехабилитациски програми, нејзината фамилија се откажува од наоѓањето друга рехабилитациска програма за неа. Тие чувствуваат дека немаат друг избор освен да и го свртат грбот.

Како да се постапи исправно

И покрај половина дузина патишта по рехабилитациски програми, таткото на младата девојка одбива да се откаже од неа. За неа седми пат, тој побара и најде комплетно различен тип на рехабилитациска програма, долго-трајна, каква што ќе и го даде целото време кое и е потребно за да се опорави од нејзината зависност. На нејзината дипломаска од завршувањето на програмата, таа и кажува на нејзината фамилија колку многу го цени тоа што и ја дале шансата да прави програм кој вистински и дал животни вештини и помош што и била потребна за да постане трезна и ја искажа нејзината благодарност кон нејзиниот татко што не се откажал од неа.

Со наоѓањето на правата програма за рехабилитација, вие можете да ја имате личноста назад во вашиот живот за да ја сакате и да се смеете заедно со неа повторно.


Реализирај дека не си сам

14. Реализирај дека не си сам

Многу фамилии се чувствуваат изолирано кога некој во фамилијата е зависник. Тие можеби се посрамотени од тоа што имаат проблем како овој. Многу фамилии не посегаат надвор по помош и совет поради овој срам. Сопругите може да чувствуваат дека прашањата за помош од други членови на фамилијата ќе ги направи да изгледаат лошо на некој начин или можеби тие ќе се чувствуваат ужасно засрамено. Родителите можат дури и да си мислат дека зависноста на нивните син или ќерка е некако нивна вина кога винстински имале малку или немале ништо за да направат во врска со тоа.

Вистината е дека повеќе од 2 милиони Американци се запишуваат на рехабилитациска програма за дрога или алкохол секоја година. Многу од денешните дроги се толку зависни што само неколку пробни експерименти со дрога како што е крек кокаинот, екстазите, или препишани опијати ќе ја направат на личноста зависна. Зависноста е широко социјален проблем, и потфрлањето на фамилијата може да не игра некаква значајна улога во злоупотребувањето на дроги од страна на некоја личност.

Најважното нешто е личноста која што е зависник да го добие правиот тип на помош. Чувства на срам, неуспех или посрамотеност треба да се ставени на страна се додека не се најде правата рехабилитациска програма за личноста, која сигурно ќе го води до неговиот пат на трезвеност.

Како да се постапи погрешно

Сопругата константно е критикувана и омаловажувана од нејзиниот сопруг кој е алкохоличар. Децата се преплашени од нивниот татко и често се болни. Сопругата е премногу посрамотена за да го признае проблемот или да најде некаква помош од нејзината фамилија, нејзиниот доктор итн. Таа била убедена од нејзиниот маж алкохоличар дека сите проблеми се поради нејзина вина. И така проблемот може да продолжи, месец за месец.

Како да се постапи исправно

После неколку месеци насилство од страна на сопругот со влошување на проблемот со алкохолот, сопругата гледа дека од ден на ден таа и децата стануваат се поболни и повеќе депресивни. После внимателно прегледување на нејзините опции, таа го признава проблемот и одлучува да се зближи со другите членови на фамилијата и да побара помош. Фамилијата ја поддржува неа и децата со заштита додека инсистира сопругот да се запише на програма за рехабилитација од алкохол. Фамилијата е поново обединета откако тој се опоравува и станува трезен.


Нарконон

Порака за фамилиите од Нарконон

Зависноста е една од најтешките животни ситуации за справување. Член на фамилијата кој се бори со овој проблем треба да реализира дека неговата или нејзината борба е нормална. Справувањето со зависноста никогаш не е лесно. Со употребување на текстовите кои се наведени погоре додека проблемот постои, фамилиите можат да направат превенција на многу полоши проблеми и загуби и да дојдат побрзо до решение.

Повеќе од 5 декади работа за целосно опоравување на зависниците, Нарконон стаф членовите во светот виделе дека фамилиите страдаат заедно со зависниците. Овој совет е понуден да помогне за време на овој кризен период.

Ако сакате повеќе да дознаете за да Нарконон програмата за рехабилитација или да прашате за совет во вашата индивидуална ситуација, јавете се во Нарконон уште денес.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА