НАЈНОВИ ВЕСТИ
Се чувствувам посигурен во себеси
Овој курс за мене има едно огромно значење, кое придонесе огромни промени кај мене. Вежбите за обука за објективите ме направија посмирена и постабилна личност. Сега можам да се контролирам себеси, да бидам поприсутен и да ги надминам препреките кои ќе се појават во секојдневниот живот.
Ми се подобрија и изострија сетилата
Благодарение на Програмата за Детокцикација—Нов Живот , кај мене се подобрија многу работи. Еден од многуте успеси а за мене најголем е зголемувањето на мојата телесна тежина која драстично се зголеми.
Сега Сум Супер
После завршената вежба се чувствувам фантастично. Од претходно знаев дека немам проблем со авторитети и извршување на наредби, но денес со помош на вежбата осознав дека има голема разлика помеѓу извршување на наредби во приватниот и професионалниот живот, осознав зошто постои толку голема разлика.
Ќе успеам
Имам прекрасно чувство после завршувањето на вежбите. Најпрвин затоа што успеав и бев истрајна низ манифестациите, но најмногу од се затоа што осознав некои работи за себеси. Знам дека поради самата себе не успеав да живеам живот без дроги.
Не верував во успех
Пред да почнам со Нарконон Програмата бев тотално изгубена; си живеев во некој свој свет кој верувам дека никој друг, освен мене, не го разбираше.
КОМУНИКАЦИЈАТА МИ Е ПОДОБРЕНА
Пред да дојдам тука во Нарконон Балкан мојата комуникација беше на многу ниско ниво. Не контактирав со другари, пријатели, со мојата фамилија комуникацијата ми беше сведена на најниско ниво. Сето тоа ми стана рутина и буквално заглавив во таа рутина.
ЈАС ГО КОНТРОЛИРАМ МОЈОТ ЖИВОТ
По завршувањето на вежбите кои се дел од Нарконон Програмата имам многу подобрена перцепија, подобрена комуникација, имам подобра контрола врз работите околу мене. Се грижам за работите околу мене многу подобро и повеќе. Мојата свесност е зголемена, здраворазумно размислувам.
МОЖАМ ДА УСПЕАМ
Зголемено внимание. Поголема фокусирност. Посигурна во тоа што го правам. Ова се само дел од придобивките што ги имам благодарение на вежбите. Во текот на вежбите, во еден момент, почувствував огромна самодоверба, мојата контрола беше многу попрецизна.
Свесноста ми е зголемена
Благодарение на една од вежбите кои се дел од Нарконон Програмата станав поориентиран во просторот. Свесен сум за предметите околу мене, сум повнимателен кога се движам во просторот. Боите ми изгледаат поживи . Дојдов до заклучок дека кога брзам не успевам да го постигнам тоа што го сакам.
“ПОДГОТВЕНА ЗА НОВИ УСПЕСИ„
После завршувањето на вежбите за комуникација и контрола имам многу големи придобивки, многу големи успеси. Најважното и првото нешто што го постигнав беше да бидам удобно, т.е. да се чувствувам удобно секаде и во секоја ситуација.