НАЈНОВИ ВЕСТИ
Способна да го Контролирам Животот
Пред да започнам со програмата на Нарконон речиси ја имав изгубено контролата да дејствувам врз мојот живот, сè ми одеше надолу и постепено ми се влошуваше состојбата. Откако започнав со чекорите на програмата веднаш започнав да чувствувам промени во себеси.
Го победив најзлобниот непријател на денешницата
Од депресивен човек без цели кој што сакаше да го одземи својот живот и на тој начин да го прекине пеколот низ кој поминуваше, до човек кој што е полн со желба да живее и со јасна визија за животот. Пред да дојдам на програмата на Нарконон Балкан бев во една замка и се вртев во еден круг во кој само се уништував себе си и сите околу мене.
Дознав како да се соочам и справам со секоја ситуација во животот
Од овој курс дознав и видов некои работи како кај мене така и кај луѓето што биле околу мене, моите другари и мојата фамилија. Научив како да ги препознавам луѓето што ми требаат во мојот живот и луѓето кои не ми се потребни, затоа што претходно сум имал погрешно мислење.
Сфатив зошто сум бегал од реалноста
Од овој курс научив работи кои ќе ги применувам во животот и ќе ми бидат од голема корист. Научив дека со антисоцијалните луѓе во мојот живот треба да расчистам и да не сум повеќе во комуникација со нив бидејќи можат да ми наштетат.
Штетата која ми ја предизвика дрогата
Сега кога почнав да живеам живот без пороци , точно увидов каква штета ми имала причинато дрогата.
Почувствував љубов кон животот
Со завршување на курост “Лични Вредности“ почувствував една огромна благосостојба и чуство на љубов кон животот.
Почуствував колку е поубав животот без дрога
Од самиот почеток не можев веднаш да се вклопам со народот. Со помош на објективите почнав да бидам активен, комуникативен, енергичен, да можам да се грижам за другите исто како што тие се грижеле за мене.
Eкстремно добро се осеќам
Прв пат, откако почнав да ги работам состојбите, поминав низ многу промени. Осетив каков е товарот да си во состојба на штетност, чувствував мали бубачки како пополека ме грицкаат од внатре, бев лута на се што е околу мене.
Единствената моја желба која што ја посакувам
Секоја година се повеќе и повеќе се испревртува и влошува состојбата на нашето општество, каде што секојдневно вистинските вредности избледуваат и се надополнуваат со материјални вредности.
Гордо ќе продолжам со животот
По завршување на овој курс се чувствувам многу олеснето и многу постабилно од било кога. Многу е убаво да ги познаваш вистински луѓето кои биле околу тебе, но и да знаеш во што да го насочуваш твоето внимание кога гледаш да препознаеш човек кој планираш да го пуштиш во својот живот. Знаењето кое го добив од овој курс е многу драгоцено за мене и сметам дека е многу вредно за човек на мои години.