НАЈНОВИ ВЕСТИ
Како до контрола врз живот?
Тие ми дадоа сила, ми дадоа сигурност, тие ми го држат грбот. Алатките ми се тука, уште побитно научив како да ги употребувам. И тоа е тоа!!! Тоа е контролата во конкретниот случај, соочувам конкретна ситуација, со соодветен алат и баааам = решавам, без да имам било каква штета или последица.
На вистинско место во вистинско време правам вистински нешта
Од Вежбите за обука научив многу нешта и многу сум горд што секој ден учам нови нешта и можам да ги употребувам во секојдневниот живот. Уште од првата вежба биди таму се преродив. Кога ја изработив започнав да се чувствувавм многу удобно и свесно за тоа каде сум и што се случува во мојата околина.
Контролата која ја имам сега
За време на оваа објектив вежба искусив и сватив многу работи кои што ме прават среќна, задоволна и горда на себеси. Сватив дека очувот мој е навистина добар човек и се труди најмногу што можи за да го поддржува моето семејство.
Сознанија и Способности од Објективите
За време на оваа објектив вежба имам еден убав успех кој многу ќе ми биде корисен во иднина. Тоа е дека членовите од моето семејство повеќе не ги гледам како непријатели. Не се кријам од нив а и немам причина повеќе да го правам тоа.
Конечно се разбуди во мене личноста што бев пред многу години
Објективите за мене се извонреден дел од програмата на Нарконон. Во мене се разбуди личноста што бев пред многу години. Убаво е чувството да се завршат Објективите со победи и придобивки кои остануваат во мене.
ЈАС ГО КОНТРОЛИРАМ МОЈОТ ЖИВОТ
По завршувањето на вежбите кои се дел од Нарконон Програмата имам многу подобрена перцепија, подобрена комуникација, имам подобра контрола врз работите околу мене. Се грижам за работите околу мене многу подобро и повеќе. Мојата свесност е зголемена, здраворазумно размислувам.
“ПОДГОТВЕНА ЗА НОВИ УСПЕСИ„
После завршувањето на вежбите за комуникација и контрола имам многу големи придобивки, многу големи успеси. Најважното и првото нешто што го постигнав беше да бидам удобно, т.е. да се чувствувам удобно секаде и во секоја ситуација.