НАЈНОВИ ВЕСТИ
Јас ја имам контролата
Доколку видам дека некој ми прави некои работи кои ме навраќаат во минатото,тој некој, колку и да го сакам, колку и да ми значи, јас ќе го тргнам на страна затоа што морам да го заштитам мојот живот.
ОДЛУКА сега, темел за мојата иднина
Прекрасен период каде се запознав самиот себе во нова единица време, каде ми се вратени чуствата и емоците кои претходно некаде попатно ми беа изгубени. Воспоставив контакт помеѓу моето тело и мојот ум. Разбрав дека сум битие кое што зрачи со многу поголема енергија од она што мислев дека ја имам и дека сето она што го вадам од себе ми се враќа назад.
Мојата борба со зависноста
За прв пат на Нарконон програмата почуствував дека не сум сама и дека има луѓе што вистински ме разбираат и што сакаат да ми помогнат. Се променив од темел, мојата фамилија како да оживеа повторно со мене и моите промени.
Променување на Начинот на Живот
Со помош на курсот Надминување на Нестабилноста во Животот научив како вистински да воочам кои луѓе ми се пријатели а кои луѓе се преправаат дека ми се пријатели. Научив како да ги препознавам луѓето во мојата околина и едноставно ги отворив очите.
Повторно ми се врати Желбата за Живот
Пред многу години имав пробано хероин и од тогаш започна мојот ужас и пекол. 8 години мојот живот беше како мрак, мизерија и секојдневно тонев се повеќе и повеќе.
Донесов одлука да помогнам на општеството
Пред да дојдам во Нарконон 4 месеци пробував да ја победам мојата зависност од која патев 5 години. Пробав и се обидував на најразлични начини, тотално се посветив на самиот себеси и почнав да напредувам, но не за долго бидејќи и телото и умот ми беа преполни со отрови и непотребни слики.
Сфатив зошто сум бегал од реалноста
Од овој курс научив работи кои ќе ги применувам во животот и ќе ми бидат од голема корист. Научив дека со антисоцијалните луѓе во мојот живот треба да расчистам и да не сум повеќе во комуникација со нив бидејќи можат да ми наштетат.