НАЈНОВИ ВЕСТИ
Знам како да функционирам без дрога
Откако желбата за дрога е засекогаш отстранета и физичката страна од зависноста е искоренета, време е да посветиме внимание на причините поради кои лицето воопшто започнало да зема дрога.
Дознав како да се соочам и справам со секоја ситуација во животот
Од овој курс дознав и видов некои работи како кај мене така и кај луѓето што биле околу мене, моите другари и мојата фамилија. Научив како да ги препознавам луѓето што ми требаат во мојот живот и луѓето кои не ми се потребни, затоа што претходно сум имал погрешно мислење.
Се чуствувам како херој
Изучувајќи го курсот “Лични Вредности“ и согледувајќи ги сите штетни постапки кои сум ги направил спрема самиот себеси, а и другите околу мене, дознав и сфатив појасно како сум се однесувал спрема својот личен живот, своето тело и мојот ум заедно со својот опстанок.
Успехот лежи во добрите работи
Во почетокот не ги сваќав објективите сериозно и мислев дека се само едни обични вежби, но потоа почнав да чувствувам промени кај себеси. Најпрво почувствував како имам контрола врз сопственото тело и умот, а потоа ми се повратија и чувствата.
Конечно почнав да спијам и јадам нормално
На почетокот кога започнав со програмата за Детоксикација – Нов Живот не се чуствував добро, како физички така и ментално. Кога започнав не можев да трчам, имав физички потешкотии и проблеми со дишењето. Но како поминуваа деновите, состојбата ми стануваше се подобра и подобра.
Eкстремно добро се осеќам
Прв пат, откако почнав да ги работам состојбите, поминав низ многу промени. Осетив каков е товарот да си во состојба на штетност, чувствував мали бубачки како пополека ме грицкаат од внатре, бев лута на се што е околу мене.
Почувствував, непроценлива и неопислива среќа
Сметам дека за успешно живеење на животот како личност ослободена од дрога, овој курс е најважен. Започнав со курсот “Лични Вредности”, со изучување на теоријата и многу работи ми се разјаснија во главата, но не сосема.
Вештини кои ќе ме одржат стабилна и среќна
Ништо во овој универзум не е во мирување, сè се менува. Кога го учев овој курс почнав да се запознавам со сотојбите нa постоење кои ги искусува една група или единка.
Ми се врати желбата за нови предизвици и успеси
Во првите денови од кога започнав со Детоксикацијата—Нов Живот не почувствував некои поголеми промени или придобивки, но како што изминуваше времето најпрвин почна да ми се враќа енергијата.
Конечно уживам во своја кожа!
Година и 3 месеци. Чувството е фантастично и додека го пишувам ова се ежам. После излегувањето од Нарконон не се исплашив да одам во свет кој го познавам како суров и ладен светсо ладни луѓе и разочарани друштва.