НАЈНОВИ ВЕСТИ
Темелите на мојата промена
Одлучив да го разбијам шаблонот на однесување и да превземам одговорност за моите постапки, без разлика на цената, да постапам исправно и да застанам зад вистината.
Ова е тоа што ми треба за успешен живот
Научив да ги гледам причините и последиците на сите луѓе во моето опкружување, зошто го прават тоа што го прават и што се случува откако ќе го направат.
Големи Победи и Подобрувања
Пред да дојдам во Нарконон Балкан во мене не постоеше никаква желба за живот, се чувствував уморен и немав волја за ништо. Секој ден го поминував под дејство на наркотици и бев тотално надвор од реалноста, програмата беше мојата последна шанса да се спасам од наркотиците и штетните последици со кои секојдневно се соочував.
Ослободен од Дрога со цврсти чекори кон светла Иднина
Одлуката да се ослободам од зависноста и моето доаѓање во Нарконон Балкан ми го сменија животот целосно. Поточно јас си го сменив животот со поддршката и насоките од персоналот на Нарконон. Со помош на Детоксикацијата Нов Живот го исчистив телото од остатоците од дрогите кои се таложеле со години и сега се чувствувам како нов човек.
Дрогата и моето лошо однесување
Секој човек е во основа добар и го посакува најдоброто за себе и за другите. Јас бев таква личност, но штетните постапки и неискреното однесување на другите ме донесоа до степен да мислам зошто јас да не бидам личност која си гледа само за себе и ги задоволува своите лични потреби без да мисли на другите. На тој начин мислев дека нема да има простор друг да ме повреди. Знаев дека таа промена не беше коректна и дека со сила се правам нешто што не сум, и затоа почнав да земам дрога за да ги потиснувам тие чувства.
Не дозволувај лажните маски на луѓето да те заслепат
Во животот се тече се се менува. Па така и јас од негативна станав позитивна личност. Се раѓаме да ги доживееме благодетите на нашиот живот, да ги запознаеме неговите вредности и да ги почувствуваме задоволствата што ни ги овозможува.
Нема луѓе на светот како моите родители!
Цел живот сум живеела во страшна заблуда. Моите родители се луѓе кои постојано го прават најдоброто за мене и мојот опстанок и долго се прашував зошто сум ги ставала во моите бескрајни мрежи на лаги и манипулации пропратени со стресни ситуации.
Ќе успеам
Имам прекрасно чувство после завршувањето на вежбите. Најпрвин затоа што успеав и бев истрајна низ манифестациите, но најмногу од се затоа што осознав некои работи за себеси. Знам дека поради самата себе не успеав да живеам живот без дроги.
Подобрени чувства
Со денешните вежби осознав толку многу работи за самиот себе што едноставно не знам од каде да почнам. Уште од самиот почеток бев свесен дека јас ги извршувам командите , поради што бев цело време расположен.
Обновување на способностите
Денешната вежба го негираше мојот досегашен постулат - дека јас добро слушам . Нешто во што бев убеден дека сум многу добар. Слушањето, како разбирање на тоа што некој друг го кажува, можеби го претставува најголемиот проблем во мојот брак.