НАЈНОВИ ВЕСТИ
Постигнување на Целите
Имам супер успеси од објектив вежбите. Најпрво осеќам поголема одговорност за работите околу мене, за мојот живот и за мојата фамилија. Имам некое прекрасно чувство на свесна единка и се осеќам полн со живот.
Чуда се случуваат
Кога започнав со курсот после Детоксикацијата , во првите вежби од Објективите некако бев без волја, а сега се чувствувам добро, весел, храбат и горд на своите победи.
На вистинско место во вистинско време правам вистински нешта
Од Вежбите за обука научив многу нешта и многу сум горд што секој ден учам нови нешта и можам да ги употребувам во секојдневниот живот. Уште од првата вежба биди таму се преродив. Кога ја изработив започнав да се чувствувавм многу удобно и свесно за тоа каде сум и што се случува во мојата околина.
Со Истрајност и Намера до Ослободување од дроги
Денес осетив колку е добро да се биде истраен во тоа што го правам. Порано воопшто не бев истраен и брзо се откажував уште на првата препрека. Работејќи ги вежбите осетив дека полека се откажувам и тоа го споделив со супервизорот.
Присутен, Смирен и Задоволен
Баш ми е мило што денес направив две Објектив вежби а не една како што планирав претходно. Имав многу победи, се осетив поприсутен, смирен и задоволен од себе си. Уживав во секој момент откако ги надминав реакциите.
Исто како во времето пред да земам дрога
Денес се чувствувам многу добро и убаво. Исто како во времето пред да почнам да земам дроги. Тогаш луѓето сакаа со мене да се дружат и да зборуваат бидејќи кажував шеги и интересни работи.
Почнав да се сакам и почитувам себеси
Почнав да се сакам и почитувам себеси Студент на Нарконон Балкан - Н.А. Можам слободно да кажам дека сум презадоволен од Објективите . Чувствувам големо подобрување физичко, духовно и умствено. Многу сум посмирен и помалку избувлив на мали ситници, таа особина претходно многу ми сметала во животот.
Поголемо ниво на Свесност
Не верувам дека некој свесно прави грешки со лоши последици или ако ги прави тоа се многу мал број и сепак имаат некоја причина. Сфаќам дека за било што во животот треба свесност, разумност и работите треба да ги гледаме од повеќе страни.
Шанси и можности наспроти пречки и откажувања
Бев таков човек кој врз секоја цена сакав да биде по мое, а гневот беше мој водич, но сега разумот е пред се. Кога се движиме кон нашата цел секогаш ќе имаме дистракции, но кога целите се јасни и знаеме навистина што сакаме да постигниме, врз тој процес не можат да влијаат деструктивни работи.
Обновување на Способностите
Обновување на Способностите (За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.